Прекин на огнот меѓу Русија и Украина стапи на сила рано утрово за да се овозможи започнување на хуманитарна операција во градот Олешки во Херсонската област, но нападите продолжија во други области, вклучувајќи го и Киев, каде што беше убиено најмалку едно лице.
Во јужна Украина денеска стапи на сила локално примирје, во пресрет на хуманитарна мисија предводена од првата дама на САД, Меланија Трамп. Целта на мисијата е доставување помош и евакуација на цивили од градот Олешки, кој е под руска окупација.
Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека руските сили погодиле товарен брод што пловел кон украинското пристаниште Одеса за да достави воена опрема за украинската војска. „Погоден е товарен брод што по море превезувал воена опрема до пристаништето Одеса, наменета за ...