Само еден ден по експлозијата на трафостаница во близина на термоцентрала во источна Германија, пријавен е нов инцидент на електроенергетската инфраструктура, овојпат во западниот дел на земјата, во близина на Келн.
Експлозивни направи се пронајдени во електрична трафостаница во источногерманската покраина Бранденбург, јави ДПА. Полицијата соопшти дека е откриено можно оштетување на далновод во објектот во Турнов-Прајлак, на околу 100 километри од Берлин.
Повеќе импровизирани експлозивни направи биле пронајдени во близина на трафостаница во јужниот дел на Бранденбург, во близина на електраната на лигнит Јеншвалде, соопшти германската полиција. Според германскиот весник „Märkische Allgemeine Zeitung“, повикувајќи се на безбедносни ...