Концертот на порториканската мегаѕвезда Бед Бани во Милано беше итно прекинат во саботата навечер, откако силно невреме со град во облик на ледени топки присили 80.000 луѓе да го напуштат концертот на отоврено , јавуваат италијанските медиуми.
Бед Бани важи за еден од најпопуларните светски изведувачи во моментов, а неговата европска турнеја привлекува десетици илјади обожаватели на секој настап. Концертот во Милано беше еден од најочекуваните музички настани ова лето во Италија и привлече публика не само од земјата, ...