Oд алатка за добивање одговори до дигитален помошник за секојдневието, работата и личните потреби. Tака се менува начинот на кој луѓето ширум светот го користат CHATGPT, алатка која веќе ја користат повеќе од една милијарда луѓе глобално, според податоците објавени од OPENAI.
Македонските корисници почесто му се обраќаат на Чат ГПТ за совет, практична помош и разговор отколку за работни задачи. Речиси 40% од пораките се за практични насоки, додека работата зафаќа само 18,1%, а според самоизразувањето сме меѓу европските земји со највисок удел.
Во споредба со другите европски земји, Македонците почесто го користат ChatGPT за разговор, лични размислувања и секојдневни проблеми, а поретко за работа. Само 18,1 отсто од пораките се поврзани со работа, додека речиси 40 отсто се барања за совет, учење или помош како нешто да ...