Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ги изненади навивачите со неочекувано признание, именувајќи ги фудбалерите на кои им се восхитувал како дете, а на листата на главни идоли смести и екс играч на Реал Мадрид.
Ламин Јамал е дел од групата фудбалери кои се сметаат за фаворити во изборот за признанието „Златна топка“, а на денешната прес-конференција не можел да го избегне прашањето за своите очекувања од годинешната свеченост во Лондон.
Младиот капитен на Барселона нагласува дека освојувањето на фудбалската Лига на шампионите го мотивира и признава дека индивидуалните награди му се помалку важни. Шпанскиот репрезентативец зборуваше пред дуелот со Феенорд во Лигата на шампионите.