„Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.
Генсекот на СДСМ, Димитријевиќ, денеска од Битола побара и на штедачите да им се овозможи целосен пристап до нивните заштеди и ја обвини власта дека го штити капиталот на сопствениците на банката на сметка на граѓаните Генералниот секретар на опозицискиот Социјалдемократски ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска побара оставка од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и отворање истрага од Основното јавно обвинителство за околностите под кои на Алта банка ѝ беше одобрен влез на македонскиот банкарски пазар.
Пратеничката група на СДСМ и коалицијата бара итна надзорна расправа во Собранието за случајот со Алта банка АД Битола, за причините за воведувањето администрација, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност за состојбата во која се најдоа граѓаните и ...
Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ побараа оставки од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, по воведувањето привремена тримесечна администрација во Алта банка АД Битола.
Трајко Славески му порача на Венко Филипче да го избрише „срамниот пост“ ако е „разумен човек“ Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, реагираше политички на забелешките на лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, околу настаните со Алта банка од Србија и нејзината ...