Најважно е да се креираат лозинки кои хакерите нема да можат лесно да ги пробијат. Најчестите лозинки во светот содржат комбинација од смислени зборови и бројки, а токму таквите лозинки им се омилени на хакерите.
Дали некогаш ви бил хакиран Фејсбук профилот и потоа сте си го промениле пасвордот со сличен на претходниот? Дали на некој ваш мејл имате пасворд кој ви е истиот уште од тинејџерските денови? Ако е така, за ваша безбедност, време е да го промените.