TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

22 повредени во Лион, меѓу кои 18 припадници на безбедносните сили; 36 приведени

Проверено - пред: 20 часа

Дваесет и две лица се повредени денеска во Лион за време на протест, меѓу кои 18 припадници на безбедносните сили, додека 36 лица се приведени, соопшти префектурата на департманот Рона. Во соопштението се наведува дека за време на протестот биле оштетени и три деловни објекти.

Две лица тешко повредени на протестите во Франција, едното со сериозна повреда на раката

Скопје1 - 24.10.2026

Две лица се тешко повредени за време на протестите во Франција, едното во Клермон-Феран, а другото во Тулуз, потврди францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Еден од повредените се здобил со повреда на раката во саботата, на периферијата на протестот во ...

Тешко повреден демонстрант во Тулуз, му биле откинати неколку прсти при експлозија

Макфакс - 24.10.2026

Еден демонстрант се здобил со тешка повреда на десната рака за време на судирите со полицијата на крајот од денешните протести во францускиот град Тулуз, потврдија регионалните власти за АФП. Инцидентот се случил додека демонстрантите се разотстранувале од населбата Ле Арен, ...

(Фото) Палка со забиени клинци пронајдена кај приведен демонстрант во Франција

Скопје1 - 24.10.2026

Француската полиција соопшти дека за време на протестите пронашла импровизирано оружје направено од дрвена палка во која биле забиени повеќе клинци. Предметот, според полицијата, бил пронајден кај едно од лицата приведени поради инциденти за време на демонстрациите.