Кики Мукаетова е една од шесте финалистки за наградата Aspiring Teen Award , во рамки на Women in Tech Europe Awards 2026 , признание кое ги афирмира достигнувањата на жените во технологијата и сродните области на европско ниво.
Ова признание е наменето за девојки и млади жени на возраст од 13 до 21 година кои преку своите идеи, знаења, иницијативи и активности покажуваат потенцијал да придонесат кон развојот на технологијата и иновациите, но и кон поголема застапеност на жените во STEM-областите – ...