Познатата пејачка се надмина себеси. По големиот успех со нумерата „Нисам крива ја“ со која ја одушеви публиката ширум регионот, Северена воопшто не застанува, туку продолжува да провоцира како никогаш претходно.
Новата песна на Северина „Nisam kriva ja“, со поднаслов „Bezosjećajna“, бележи огромен успех веднаш по објавувањето. За само еден ден видеоспотот надмина еден милион прегледи на YouTube, а песната се искачи на листата на најгледани содржини во повеќе земји од регионот.
Северина денес објави видео за нејзината нова песна „Nisam kriva ja“ („Bezosjećajna“) на својот YouTube канал, со што започнува еден вид патување низ три различни емоционални состојби, отворајќи ја вратата кон најавената музичка „трилогија“.