Од друга страна, експертите велат , не е доволно само колку расте економијата, туку и од каде доаѓа тој раст. Анализата на Фајнанс тинк покажува дека растот од 4,3 проценти во вториот квартал е силен, но неговата структура отвора прашања за одржливоста.
Очекуваме годината да ја завршиме со раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу 3,5 и 4 проценти во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија.
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат позитивни движења во надворешнотрговската размена, при што извозот расте побрзо од увозот, а трговскиот дефицит се намалува, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во второто тромесечје од годината забележана е зголемена економска активност со раст на бруто-домашниот производ од 4,3 проценти, што заедно со растот од 3,1 процент во првиот квартал дава резултат од 3,7 проценти за првото полугодие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ...