Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече повлекувањето на последните американски коалициски трупи од Ирак „победа за САД“. „Денеска е победа за САД, победа за Ирак и решителна победа над Исламската држава“, напиша Трамп на Truth Social.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили целосно го напуштиле Ирак, нарекувајќи го тоа „одличен ден за Америка“ и истакнувајќи дека Ирак сега има „одличен нов премиер“, Али Ал Заиди.
Последните американски војници го напуштија Ирак, со што заврши повеќе од две децении долго американско воено присуство во земјата што почна со инвазијата во 2003 година. Последните сили заминаа од базата во Ербил, во автономниот Курдистански Регион, а американската војска ...