Црвена Звезда направи огромна промена по болната елиминација од Хапоел Бер Шева во Лигата на шампиони, но беше јасно дека нема многу време за чекање и веднаш се доведе проверена опција како замена за Дејан Станковиќ.
Се чини дека раководството на Црвена звезда направи вистински потег кога го назначи Алберт Риера за нов тренер, па Шпанецот вечерва дебитираше на клупата на српскиот шампион со убедлива победа од 3-0 над чешката Викторија Плзењ во квалификациите за Лигата на Европа.
Српскиот шампион Црвена Звезда ја демолираше Викторија Плзен со убедливи 3-0 во првата пресметка од плејофот за пласман во Лига Европа. Херој на мечот беше Мирко Иваниќ, кој најпрво донесе водство во првото полувреме, а потоа во 53. минута повторно ја затресе мрежата за 2-0.
По разочарувачкиот настап и елиминацијата од квалификациите во Лигата на шампионите, Црвена ѕвезда сега има мисија да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа. За да стигне до елитниот дел во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Црвена ѕвезда треба да биде ...