Петнаесетгодишен поранешен ученик нападнал тројца вработени со остар предмет во училиште во местото Лешчидул-Новињи, во близина на Вишков, Полска. Една од нападнатите лица починала, а осомничениот е уапсен, соопшти мазовјечката полиција, пренесува TVN24.
Нови детали се појавија за нападот во училиште во Остроленка, во североисточниот дел на Полска, во кој девет лица биле повредени. Според полското обвинителство, 19-годишниот ученик осомничен за нападот со нож во својот ранец носел и импровизирана експлозивна направа.
Во комплекс на стручно училиште во полскиот град Остроленка утрово се случи напад со нож, при што беа повредени најмалку седум лица, пренесува полскиот медиум RMF24. Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик.