Омер Мемеди е балкански шампион до 20 години. Мемеди на Балканското првенство во борење за У-20 во Копривница, Хрватска, прво во полуфиналето славеше против Јунус Балџи, а во финалето против Ејуп Онен, и двајцата од Турција.
Омер Мемеди е новиот балкански шампион во борење до 20 години, откако триумфираше на првенството во Копривница, Хрватска. Македонскиот борач до титулата стигна во категоријата до 97 килограми, каде во полуфиналето го совлада Турчинот Јунус Балџи.
Стефан Стојков и Омер Мемеди ќе се борат за влез во финалето на Балканското првенство во борење за У-20 во Копривница, Хрватска. Стојков ќе ги одмери силите со Билал Инџе, а Мемеди со Јунус Балџи, двајцата се од Турција.