УЕФА ги одреди официјалните лица за последните натпревари од актуелниот репрезентативен циклус во Лигата на нациите, а позната е и судиската екипа за дуелот меѓу Швајцарија и Македонија. Натпреварот во Луцерн ќе го суди 34-годишниот Летонец Едгарс Малчевс.
УЕФА ги делегираше судиите за натпреварот меѓу Швајцарија и Македонија, кој во вторник ќе се одигра во рамките на Лигата на нации. Главен судија ќе биде Летонецот Едгарс Малцевс, на кого ќе му помагаат сонародниците Мартинш Свипстс и Денис Шевченко.