Одбојкарките на Наковски Волеј и Газели Волеј се единствените две екипи со максимален ефект по третото коло во Првата лига за жени. Двете екипи стигнаа до нови победи без загубен сет, совладувајќи ги Јанта Волеј, односно Вардар ЕМ.
Скопско дерби меѓу куп-освојувачот ЖОК Вардар ЕМ и Газели Волеј заврши со победа на „газелите“ 0:3, или по сетови: 20:25, 21:25, 25:27. Во дерби натпреварот од третото коло на домашното првенство двата тима влегоа со резултат „два од два“, при што во воведните натпревари ...