Донираш за училиште или за болница, а ако не ја поминеш сложената процедура за даночно олеснување, за донацијата плаќаш и данок. Законот треба да го поттикнува донирањето, но административните барања ги одвраќаат граѓаните и компаниите да ги користат даночните олеснувања.
Над 15 години граѓанските организации, фирмите и граѓаните бараат суштински измени на Законот за донации и спонзорства. Во Министерството за правда, молк. Зошто толку е тешко да се промени овој Закон? Дали поради можни малверзации или бидејќи нема кој да се фати за работа? Што ...