Го принудиле другарот Јовица Радески да излезе на прес конференција само затоа што му честитавме за неговиот достоинствен настап на изборите. Барале од него да им ја докажува лојалноста – велат иницијаторите на „Разговори за иднината во 12:05“.
СДСМ ретко имал некој поголем успех на локалните избори во Полог, а особено во општината Брвеница. Сегашниот резултат од првиот круг на изборите за градоначалник (кандидатот на СДСМ е четврти) за Платформата за промени во партијата беше дочекан како можност за нов силен напад ...
"Не постои поголемо понижување за историјата на СДСМ од нивниот очај дека освоиле 225 гласа повеќе во споредба со 2025, а во исто време го премолчуваат фактот дека кандидатот има 57 гласа помалку од гласовите што ги освои советничката листа на СДСМ пред една година.
Тие што ја доведоа партијата до историски пораз во 2024 година. Тие што ја предадоа партијата на ВМРО. Тие што заедно со Максим Димитриевски и руската Левица, бараат реформи во СДСМ, реагираат преку соопштение од опозициската партија. „Тие што добија тендер од 1,6 милиони евра.