Жешкото време продолжува и во последната цела седмица од август. Од понеделник до петок во поголем дел од Македонија дневните температури ќе останат над 30 степени, а во централните и југоисточните делови во одредени денови ќе се приближуваат до 39 степени.
Европа се загрева двапати побрзо од глобалниот просек, а топлотните бранови веќе не се само временска непријатност. Тие носат повеќе здравствени интервенции, притисок врз болниците, намалена продуктивност и дополнителни трошоци за домаќинствата .