Генерацијата израсната во Југославија секогаш со радост ќе се сеќава на деновите поминати на „наше море“, покрај јадранската ривиера. Но, за жал, од година во година, цените стануваат сè повисоки, а условите за пријатен престој се влошуваат.
Борбата за најдобро место на црногорските плажи доби необичен пресврт откако еден турист во Пржно, Црна Гора се обидел однапред да си обезбеди простор на песокот, но не со пешкир или лежалка, туку со тепих, пренесува „Б92“.