Лошото раскинување е лесно. Повеќето луѓе или раскинале со некого, или биле оставени, а многумина го искусиле и едното и другото. Фактот што сè уште не постои општоприфатен начин како тоа да се направи достоинствено говори колку сите се плашат од тој разговор, пишува „Вајс“ .
Прекинот на романтична врска, без оглед на причината, може да биде исклучително болно искуство. Истражувањата покажуваат дека крајот на една врска спаѓа меѓу најтрауматичните животни настани, а воедно е и еден од најчестите.