Во рамки на програмата на „Тиквешки гроздобер 2026“, во Музеј-Галеријата во Кавадарци беше промовирана монографијата „50 години уметничка дејност“, посветена на значајниот јубилеј – половина век континуирано уметничко и културно творештво.
Педесет ликовни дела подари сликарот Гоце Божурски на Музејот и галеријата во Кавадарци. Тој ги донираше сите свои дела изложени завчеравечер во Музејот, а повод беше јубилејот, 50 години од основањето на музејот.