Пазарот на компјутери влегува во нова фаза на криза, со помалку продадени уреди, но тие се поскапи од кога било. Причината е глобалниот недостиг на мемориски чипови, што ги зголеми цените низ целата индустрија.
Глобалните испораки на паметни телефони забележаа пад од 11 проценти во вториот квартал од годинава, достигнувајќи го најниското ниво во последните 13 години, покажуваат прелиминарните податоци на консултантската компанија „Counterpoint Research“.