Никола Јокиќ изведе неверојатно додавање од зад грб од половина терен во победата на неговиот Денвер Нагетс против Лос Анџелес Лејкерс со резултат 121:106, а со тоа на најдобар можен начин го одбележа последниот натпревар во подготвителниот период во НБА лигата.
Никола Јокиќ и на последниот подготвителен натпревар пред почетокот на новата НБА-сезона изведе потег со кој привлече внимание, а неговиот Денвер во Лос Анџелес славеше над Лејкерс со 121:106. Највпечатливиот момент се случи во првата четвртина.
Во првата четвртина, по додавањето од Џамал Мареј во контранапад, Јокиќ испрати топка зад грб од приближно центарот на теренот до Тревон Бразиле. Новиот кошаркар на Денвер ја прифати топката под кошот и акцијата ја заврши со забивање.
Заврши подготвителниот дел од НБА-лигата. За само три дена почнува новата сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во светот. Ноќеска Лејкерс го пречека Денвер во дуелот меѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, а на крајот победата ја однесе српскиот репрезентативец со својот ...
Ако се цени по предсезонските мечеви во НБА лигата светот треба да очекува уште една легендарна сезона на најдобриот кошаркар на планетава, Никола Јокиќ. Србинот е икслучително инспириран и мотивиран уште во пред сезоната, дери трипл дабл учиноци на пријателски мечеви, и „вади“ ...