Нешто после полноќ во стан на улица „4 Јули” во Кичево избувнал пожар на тераса од колективна станбена зграда. По дојавата интервенирала Територијална противпожарна единица од Кичево и пожарот е целосно изгаснат.
Ноќеска на 14.05.2021 год во 00:20 часот во ОВР Кичево пријавено е дека настанал пожар во зграда на улицата „4 јули“ во Кичево. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, избувнал на тераса од стан сопственост на Б.П.