Интензивни врнежи со суградица регистрирани од Кичевско до Велешко, додека УХМР издаде предупредување за нови локални непогоди. Силно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град попладнево зафати неколку региони низ земјата.
ПРВ.мк - iNFOMAX - Скопје инфо - Вечер Прес
Највисока максимална температура во земјава денеска е измерена во Гевгелија со 36.9 степени, по што следуваат Демир Капија со 36.6, како и Велес и Кавадарци со по 36.3 степени, покажуваат официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и температури во интервал од 15 до 36 степени. Во попладневните часови се очекува зголемување на нестабилноста, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
360 степени - 4NEWS - Независен - ТВ21 - Фокус - Слободен Печат