Според најновите извештаи, ситуацијата во Тирана останува напната. Трет ден по ред избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите. Генералниот директор на државната полиција, Скендер Хита, на прес-конференција одржана во просториите на Генералниот директорат на државната ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по уништувањето на просториите на Колеџот на Европа во Тирана за време на вчерашниот протест, оценувајќи го овој објект како симбол на она што се случило во главниот град.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка поради насилните протести предводени од студенти, кои влегоа во третиот ден по ред. Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, кои кршеа прозорци и оштетуваа имот во главниот град, ...
Протестите во албанскиот главен град Тирана станаа насилни, при што демонстрантите нападнаа владини згради, банки и бизниси, објави Асошиејтед Прес. Стотици млади луѓе кршеа излози, запалија пожари и оштетија згради на четири министерства, а се судрија и со полицијата.
Макфакс - Кајгана - ПРВ.мк - Кумановски м. - Булевар - 4NEWS
Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија попладнево во Тирана, во близина на зградата на албанското Министерство за образование, каде што дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите.