Вчера полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (75) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал неговиот 73-годишен брат и неговата 69-годишна снаа за брат.
Полицајци од Кавадарци вчера уапсиле кавадарчанец, кој ја вознемирувал поранешната сопруга, при што доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место. Полицијата констатирала дека човекот бил пијан и го задржила во станица.
37-годишен маж од Кавадарци бил лишен од слобода откако, според пријавата, агресивно се однесувал во својот дом, фрлал предмети кон сопругата и им се заканувал на неа и на нивната малолетна ќерка. Од МВР информираат дека В.Г.