Селекторот на Англија, Томас Тухел, застана во одбрана на своите тактички одлуки по болниот полуфинален пораз од Аргентина (2:1) и порача дека ја презема целосната одговорност за елиминацијата, но дека не жали за ниту еден потег.
По поразот на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, селекторот Томас Тухел се најде на удар не само на англиската, туку и на германската јавност. Неговите тактички одлуки предизвикаа бран критики, а меѓу најгласните беше легендарниот Лотар Матеус.
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, јавно го поддржа својот сонародник Томас Тухел по елиминацијата на Англија во полуфиналето на Светското првенство, велејќи дека водењето натпревари во нокаут фазата е многу посложено отколку што често се прикажува во јавноста.
Англија не успеа по 60 години чекање повторно да игра финале на Светско првенство откако синоќа со 2:1 загуби од Аргентина. Англија водеше со 1:0 до 85-тата минута, но на крајот загуби со 1:2. Многумина како главен виновник за овој пораз на Гордиот Албион го посочија селекторот ...