Градските власти во моментов работат на подготовка на трасата за поставување на полначите, и тоа во Автокоманда, каде што треба да се обезбедат повисоко напојување и поголем електроенергетски капацитет за системот за полнење, потоа кај Железничката станица и во Ѓорче Петров.
Град Скопје почна да ја подготвува инфраструктурата за 100-те нови електрични автобуси што треба да пристигнат во главниот град, а работите веќе опфаќаат траси, полначи и обезбедување посилно електрично напојување во автобуската база во Автокоманда.
По повеќегодишното одложување на проектот за БРТ пронајдено е функционално решение со кое ќе се задржи средишното зеленило, наместо негово отстранување, изјави градоначалник на Град Скопје, во гостувањето на Сител телевизија во „Тема на денот“.