Преговорите за продолжување на договорот меѓу Душан Влаховиќ и Јувентус доживеаја комплетен колапс во средата, што значи дека српскиот напаѓач дефинитивно ќе го напушти клубот како слободен агент по истекот на обврските на 30 јуни.
Изгледа дека толку беше од Душан Влаховиќ во гигантот од Торино. Најновиот обид за продолжување на соработката меѓу српскиот напаѓач и Јувентус пропадна. Тоа е она што го тврди Николо Скира.
Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на ...