Екипите на Работнички и Куманово забележаа победи во 2.коло од машката Супер лига. Тимот на Работнички до вториот триумф сезонава стигна совладувајќи го Тиквеш, а кумановци пред својата публика беа подобри од Штип.
Втор меч сезонава за гигантот од Градски парк во домашната кошаркарска елитна лига и втора победа. Вечерва на свој терен, пред своите фанови, Работнички и повеќе од убедливо славеше против Тиквеш со 86:70. Во текот на целиот меч Работнички беше тој што ги диктираше настаните на ...
Кошаркарите на Работнички продолжија победнички во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 86:70 и стигнаа до вториот триумф во новата сезона. Тимот од Градски парк го реши прашањето на победникот уште во првото полувреме.
Денешните дуели ќе понудат директни пресметки на екипите кои победнички ја отворија новата натпреварувачка сезона. Од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, екипата на Работнички ќе го пречека составот на Тиквеш.