Турската актерска сцена ја потресе веста за смртта на 51-годишниот Серхат Мустафа Килич, кој денеска бил пронајден мртов во својот дом во истанбулската населба Кагитхане. Неговата смрт ја објавија турските медиуми, меѓу кои и „Анадолу“.
Турскиот актер Серхат Мустафа Килич бил пронајден мртов во својот стан во населбата Нуртепе, откако со денови не им се јавувал на своите блиски. Неговата девојка, загрижена бидејќи не можела да стапи во контакт со него, решила да го посети станот.
Познатиот турски актер Серхат Мустафа Килич , кој македонската публика го памети и по улогата во популарната серија „Езел“, е пронајден мртов во својот дом во истанбулската населба Кагитхане, пренесуваат турските медиуми . Имаше 51 година.