TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Иран ги демантираше најавите: Нема потпишување договор во Женева оваа недела

Скопје1 - пред: 5 часа

Иранските државни медиуми ги демантираа информациите дека прелиминарен договор меѓу Техеран и Вашингтон ќе биде потпишан во Женева оваа недела, оценувајќи ги ваквите тврдења како „целосно лажни“.

Мировниот договор меѓу Иран и Америка е на дофат

Независен - пред: 7 часа

Иранските медиуми почнаа да објавуваат детали од договорт. Тој треба да ја прекине и војната во Либан. За клучните прашања ќе се разговара подоцна Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се ...

Иранските медиуми откриваат: Нуклеарната програма и Ормускиот теснец засега надвор од договорот со САД

Скопје1 - пред: 8 часа

Прашањата поврзани со иранската нуклеарна програма и идниот статус на Ормускиот Теснец нема да бидат дел од почетниот договор што Вашингтон и Техеран се обидуваат да го финализираат, објавија иранските државни медиуми, откривајќи нови детали за ...

Пазарите слават, САД и Иран се блиску до голем договор

Вечер Прес - пред: 8 часа

САД и Иран се наводно блиску до постигнување договор што би можел да помогне во ублажување на повеќемесечната криза на Блискиот Исток и повторно отворање на Ормускиот теснец, една од најважните бродски линии за глобалната трговија со енергија.

Меморандумот со САД предвидува отворање на Ормуската Теснина и укинување на санкциите против Иран

Економија и Бизнис - пред: 8 часа

Меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД вклучува обврска на Вашингтон да ги укине санкциите врз Техеран, да ги повлече своите сили од околината на Иран и да ја укине поморската блокада, објави денеска иранската агенција Мехр.

САД и Иран на чекор до историски договор? Потпишување се најавува следната недела во Женева

Скопје1 - пред: 9 часа

По неколкумесечна криза и размена на воени удари, САД и Иран се доближуваат до договор што би можел да го отвори патот кон смирување на тензиите и нормализација на односите меѓу двете земји.

Објавено е кога и каде би се потпишал договорот меѓу САД и Иран

Трн - пред: 8 часа

И покрај оптимизмот што доаѓа од Вашингтон, иранските власти сè уште официјално не потврдија дека е постигнат договор САД и Иран се приближуваат кон постигнување договор што би можел да означи почеток на крајот на повеќемесечната криза и воениот ...

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“

Независен - пред: 14 часа

Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“.

ДОГОВОР НА ПОВИДОК Иран призна дека е блиску до САД, но…

Национално - пред: 7 часа

Иран соопшти дека се согласил со поголемиот дел од нацртот на потенцијален договор со Соединетите Американски Држави, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Техеран и Вашингтон блиску до договор: Иран вели дека текстот е речиси усогласен

Нова Македонија - пред: 12 часа

Иран се согласи со најголемиот дел од нацрт-текстот за потенцијален договор со Соединетите Американски Држави, но нема да отстапи од своите „црвени линии“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, посочувајќи ...

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Вечер - пред: 8 часа

Извори на овој медиум запознаени со подготовките наведуваат дека авионите одат во швајцарскиот град Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон.

Иранските медиуми објавија детали за можниот договор со САД

Вечер Прес - пред: 7 часа

Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се базира на предлогот од 14 точки на Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“

Либертас - пред: 10 часа

Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од текстот е комплетиран, иако САД „постојано го менуваа ставот“. Тој рече дека Катар и Пакистан активно учествуваат во посредничките напори, ...