Трае истрагата на полицијата и на обвинителството за масовното труење во Гостивар. Над 1.200 лица изминативе ден ови побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот број од пациентите се со исти симптоми, повраќање, дијареја, болки во желудникот, ...
Фокус - Слободен Печат - Рацин - Проверено - Скопско Ехо - Пулс24
Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.
360 степени - Вечер Прес - Скопско Ехо - Либертас - Прва Скопска - Економија и Бизнис
Министерот за здравство Сашо Клековски смета дека труењето на над 1.200 жители на Гостивар не може да е од храна. Тој денеска при посета на болницата во Гостивар кажа дека уште не може да се каже причината за труењето бидејќи во тек се испитувањата на примероците од водата, но ...
Пулс24 - Нова Македонија - Press24 - ТВ21 - Вечер Прес - Либертас
Цистерната ќе биде поставена на паркингот кај Домот на културата, во близина на Џамијата во Нова Маала Цистерна со вода за пиење е обезбедена за жителите на Гостивар, по барање на локалниот огранок и со поддршка на советниците на Влен во Град Скопје.
„Според демографијата, географијата и времетраењето на случувањата, неофицијално може да се исклучи храната како извор на проблемот. Другите опции треба да ги потврдат епидемиолозите. Дел од информациите се во надлежност на Јавното обвинителство.
Вечер - Мета - Сакам да кажам - Вечер Прес - Рацин - Слободен Печат
Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени. Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова ...
Пулс24 - 24Инфо - Проверено - 360 степени - Скопско Ехо - Пулс24
Министерот за здравство Сашо Клековски во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница - Гостивар откако повеќе граѓани со симптоми на повраќање, дијареа и температура побараа лекарска помош. Министерството за здравство соопшти дека предвидено е изјава да даде министерот Клековски.
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде што се сретна со пациентите, здравствените работници и раководството на болницата, а потоа информираше за состојбата со големиот број граѓани кои изминативе денови ...
Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето ...
Додека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водовод поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна, директорката на ЈП „Водовод“ – Гостивар, Артана Асани, тврди дека водоснабдителниот систем не е причина ...
Од СВР Тетово велат дека во моментов се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, поради сомнение за сторено кривично дело загадување на вода за пиење, кое е санкционирано според член 219 од Кривичниот законик (КЗ) Во врска со загадувањето на водата во Гостивар, од ...
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески вели дека е рано за правни квалификации за случајот со водата во Гостивар, откако од болницата официјално информираа дека за 3-4 дена им се пријавиле 1.200 пациенти со симптоми на дијареа и повраќање, исклучително зголемен број ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Од АХВ информираат дека мерката е донесена по вонреден инспекциски надзор ...
По појавата на зголемен број граѓани кои во изминатите десетина дена се пожалиле на стомачни проблеми, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се извршат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира преку градскиот водовод во Гостивар.
По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар полицијата спроведува истражни мерки. Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот.
Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството.