Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека голем дел од корисниците на вториот пензиски столб ќе бидат разочарани и нема да бидат задоволни од тоа што ќе го видат на своите сметки, исплашила и разочарала многу граѓани кои реагирале до опозициската СДСМ.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека актуелната власт повторно го продлабочува дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), со што, според него, се загрозува стабилноста на пензискиот систем.