Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл оваа вечер ја извести јавноста дека тренерот Венсан Компани е отпуштен од болница, сето тоа како последица на страшната епизода и ненадејно колабирање за време на еден од тренинзите минатата седмица.
Германските медиуми попладнево пренесуваат свежи информации околу состојбата на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани кој што пред неколку дена колабираше на еден од тренинзите на тимот. Итно беше пренесен во болница, и неговата здравствена состојба е стабилизирана.
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, сè уште е под лекарски надзор откако минатата недела ненадејно се онесвести за време на тренинг во тренинг-центарот на германскиот гигант. Поради сериозноста на ситуацијата, беше повикан и хеликоптер, кој слета во клупскиот комплекс.