Во Франција, 37 департмани денес беа ставени под црвено ниво на тревога поради големиот топлотен бран што ја погоди земјата, додека 46 департмани се на портокалово ниво на тревога, објави Француската метеоролошка служба.
Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи.
Нов силен топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури, кои во делови од регионот за време на викендот ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови.