Царинската управа поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против доктор и медицинска сестра, осомничени за обид за криумчарење на 199 вијали ботокс преку поштенска пратка лажно декларирана како козметички примероци.
Според истрагата, докторот побарал од второосомничената, медицинска сестра вработена во истиот клинички центар, да биде наведена како примач на пратката. Таа се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а фактурата ја платила преку својата трансакциска сметка.
Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени ...
Царинската управа соопшти дека поднела кривична пријава против доктор и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари.