Екипата на ФК Илинден продолжува интензивно со создавање на тимот за новата сезона. Денеска, како нов тренер на сениорската екипа беше промовиран Горан Симов. Се работи за трофеен тренер со богато играчко и тренерско искуство во Првата македонска фудбалска лига.
Младинската академија на ФК Илинден ги промовираше тројцата нови тренери кои во иднина ќе работат со фудбалските надежи кои се дел од овој клуб. За координатор на Младинската академија на ФК Илинден е промовиран Виктор Кравченко.