Ресите се вратија во модните колекции, но овој пат во значително пософистицирана форма. Од здолништа и фустани, па сè до јакни и чанти, овој впечатлив детаљ внесува нов живот во есенските модни комбинации. По неколку сезони во кои доминираа едноставни кроеви и минимализам, ...
Бохо стилот повторно наоѓа место во секојдневното облекување преку кардиганите со реси, кои сезонава добиваат посовремен изглед. Нивните текстури и впечатливи детали му даваат нов карактер на класичното плетиво.
Црвената е меѓу оние бои што од сезона во сезона наоѓаат нов начин да го привлечат вниманието. Со својот интензитет, смелост и елеганција, и оваа сезона се издвојува како впечатлив избор за сите што сакаат да ја освежат гардеробата и да им дадат повеќе карактер на секојдневните ...
Асиметричниот топ повторно се издвојува како парче што може да ја разигра и наједноставната комбинација. Доволни се едно откриено рамо, необичен изрез или асиметричен долен раб за да го привлече погледот, без впечатливи бои и многубројни детали.
Спортската облека одамна не е резервирана само за терените, а враќањето на рагби-маиците е уште еден доказ за тоа. Со препознатливата јака, долгите ракави, широките пруги и контрастните детали, овие маици повторно го привлекуваат вниманието во уличната мода.