На ова се спротивставија пратениците на „Европскиот фронт“ и Албанската лига кои сметаат дека законот треба да се носи со т.н. „голем Бадентер“ или мнозинство од вкупниот број пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници.
Со овој закон, кој нуди неколку важи решенија и се темели на реални податоци, Владата прави историски чекор во унапредување на Охридскиот рамковен договор, рече вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.
Во жестока дебата помеѓу владејачката Вреди и опозицискиот Европскиот фронт, Комитетот за меѓуетнички односи одлучи законот за правична застапеност да се носи со т.н. „мал Бадентер“, односно со мнозинство од присутните пратеници и мнозинство од ...