Стотици туристи и жители се евакуирани од малото туристичко место Сивири, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики во Грција. Големиот пожар зафати површина од околу 350 хектари, а биле опожарени неколку објекти. Дел беа евакуирани по копнен пат, а дел преку море.
Македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Солун сè уште нема официјална информација од грчките институции за бројот на евакуирани македонски државјани. Дел од нив телефонски побарале информации и добиле насоки како да постапуваат.
МНР соопшти дека туристите се згрижени на безбедни локации во координација со грчките власти, а отворени се и дежурни телефонски линии. Вкупно пет македонски семејства досега побарале асистенција за евакуација од подрачјата засегнати од шумските пожари во Грција, потврдуваат од ...
Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика евакуација на туристи и жители од погодените подрачја, а меѓу оние кои побарале информации и помош се и македонски државјани. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека до ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.
Министерството апелира до државјаните кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса , како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна ...