Спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ ненадејно почина вчера на 47-годишна возраст. Како што пишуваат медиумите во БиХ, Авдиќ починал во својот стан во Белград , како последица на проблеми со срцето.
Авдиќ е роден на 19 јуни 1979 година во Сараево, а во текот на својата повеќедецениска кариера изгради репутација како еден од најпрепознатливите спортски гласови во поранешна Југославија.
Ужасна, страшна вест. На само 47 години почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на Балканот. Веста за неговата смрт ги потресе бројните пријатели, познаници и спортски работници, кои се простија од него со емотивни пораки на социјалните ...