Во Турција се приведени над 100 лица на протест против НАТО што го организираше Комунистичката партија пред претстојниот самит на Алијансата во Анкара. Полицијата употреби солзавец и спроведе засилени безбедносни мерки.
Властите во Турција вчера приведоа десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари, во најновиот бран апсења пред самитот на НАТО што ќе се одржи во Анкара, на кој се очекува присуство на лидери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Инквајрер“ .
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа на протестот против НАТО организиран од Комунистичката партија на Турција (ТКП) во Анкара, пред самитот на алијансата во градот следната недела, соопшти ТКП.