На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања, но сообраќајот е засилен на патиштата надвор од градовите. Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка–Куманово е целосно во прекин поради сообраќајна несреќа. Според АМСМ, прекинот е воспоставен од 05:05 часот кај месноста Карчов. Засега нема дополнителни информации за несреќата и евентуално повредени лица.
Според АМСМ, утрово од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.