Заборавена кутија чај со одамна поминат рок не мора веднаш да заврши во отпад. Ознаката „најдобро да се употреби до“ најчесто се однесува на периодот во кој производот го задржува најдобриот вкус и арома, а не нужно на безбедноста за консумирање.
Според податоците на Европската комисија, до 10 проценти од храната што се фрла во Европската Унија е поврзана со погрешното разбирање на ознаките за рокот на употреба Истечен рок не значи секогаш дека храната мора веднаш да се фрли.