Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила беа пречекани со овации од насобраните граѓани додека пристигнуваа на свадбата на внукот на британскиот монарх, Питер Филипс , синот на принцезата Ана , пишува Би-би-си .
Британското кралско семејство денес имаше посебен повод за славење. Питер Филипс, синот на принцезата Ана и најстариот внук на покојната кралица Елизабета Втора, се ожени со педијатриската медицинска сестра Хариет Сперлинг.