Тоа требаше да биде вечер за паметење, а се претвори во вистински фудбалски кошмар. Македонскиот шампион Вардар ги заврши настапите во евро-куповите на најболен можен начин, откако во реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Конференциската лига доживеа дебакл во ...
Вардар не успеа да ја продолжи европската авантура. Иако македонскиот тим имаше шанса да се пласира во следната рунда во Конференциската лига и водеше со 0-2 против Рига, сепак не издржа. Прими гол во 87. минута, што значеше продолженија, а таму целосно се распадна.
Македонскиот шампион Вардар попладнево ќе го игра вториот натпревар во Конференциската лига. Откако вардарци беа елиминирани од Лигата на шампионите, тие продолжија во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Екипата на Вардар пред една недела во Скопје не успеа да ги искористи своите шанси, направи грешки во одбраната и за тоа ја плати цената во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига.